Новитети на Смартус
Како и секогаш така и овој пат се потрудивме нашиот каталог да го збогатиме со нови производи. Ви нудиме богата понуда на смарт производи за вашиот дом и здравје, но и ги обновуваме залихите на некои веќе добро познати производи.
Овој пат во нашиот каталог најдете ќе камери за во автомобил, надзорни камери за домот, нов модел на лента за пешачење и роботска правосмукалка. Во продолжение, накратко погледнете за што станува збор и за карактеристиките на нашите нови производи.
Urevo U1 Лента за пешачење
Уникатниот дизајн, нејзините составни делови и материјал на ефикасен начин ги намалуваат вибрациите и гласноста при работа. На LED екранот може да добиете информации во врска со брзината, согорените калории, изминатите километри како и времето на користење на лентата.
Лентата може лесно да ја пренесувате од една во друга просторија. Може да се подесат 3 различни брзини на работа а истата поседува и 7 заштити.


Производот подетално може да го погледнете на следниот линк Xiaomi Urevo U1 Лента за пешачење
Xiaomi Imilab KW66 – Паметен часовник
Нов модел на паметен часовник кој се карактеризира со уникатен и префинет дизајн. Часовникот поддржува 13 видови вежбање меѓу кои кошарка, тенис, пешачење и многу други.
Поседува сертификат за водоотпорност и може без проблем да се користи и при пливање во базен. Едноставно поврзете го со вашиот смартфон и добивајте известувања во реално време од социјалните мрежи.
За останатите перформанси на часовникот посетете го линкот во продолжение
Xiaomi Imilab KW66 Паметен часовник
Xiaomi Imilab EC2 1080P – Надворешна надзорна камера
Единствено што треба да направите е да ја поврзете камерата со апликацијата Mijia за да надгледувате што се случува пред вашиот дом. Опремена е со микрофон и звучник па така овозможува комуникација и од далечина.
Содржи литиумска батерија која со само едно полнење дозволува функционирање на камерата до 100 работни дена.

На линкот подолу може да ги прегледате сите други опции кои ги нуди надзорната камера.
Xiaomi Imilab EC2 1080 Надворешна надзорна камера
Viomi SE Роботска правосмукалка
Новитет во светот на паметниот дом. Роботот се карактеризира со многубројни ласер сензори и алгоритми со чија помош вашиот дом ќе блеска. Моќната батерија му овозможува автономија при чистење од 120 минути.

Роботот умее автоматски да го регулира изнесот на вода без несакани протекувања на одредени површини. Сите подетални информации во врска во карактеристиките може да ги најдете на Viomi SE Роботска правосмукалка
Jimmy JV65 Mop Plus 2во1 Безжична правосмукалка
Новитет кај безжичните правосмукалки. Поседува опција за влажно чистење со резервоар за вода со капацитет од 250мл. Нејзината минимална тежина од само 1.4 кг овозможува лесна и практична употреба.
Исчистете ги без никаков проблем најтешко достапните места во домот, како скриени агли, места под мебелот и креветот и слично.

За останатите перформанси на правосмукалката погледнете го линкот во продолжение
Коментари