Xiaomi Dreame D9 роботска правосмукалка - бела

Шифра: 000376

22990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Вшмукувачка моќ од 3000Pa, суво и мокро чистење, голем капацитет на батерија од 5200mAh

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 1 година гаранција

Количина
Распродадено


Пристигна новата роботска правосмукалка Dreame D9, дел од Xiaomi екосистемот. D9 е 2во1 модел кој освен вшмукување нуди и функција на џогер.

Се карактеризира со одлична вшмукувачка моќ од 3000Pa. За што понапредно движење и снаоѓање во просторот, опремен е со нов 3,0 LDS ласерски сензор. За подобра навигација, тука е и SLAM алгоритмот. Со цел што поквалитетно да го исчисти просторот, роботот е опремен со сад за прашина со капацитет од 570 мл и сад за вода со капацитет од 270мл. Што значи дека со само едно полнење на резервоарот за вода, роботот ќе исчисти до 200 квадратни метри.

На апликацијата може да го подесите интензитетот на пренос на вода( 3 достапни начини). Со помош на апликацијата планирајте го следното чистење и кога не сте дома. Во зависност од вашата потреба и желба, може да изберете еден од неколкуте начини на чистење или пак да изберете комбинирано чистење(суво и водено).

Без никакви потешкотии може да ги исчисти остатоците од храна, влакна или трошки од вашите теписи а без проблем ќе ги совлада и сите препреки со висина до 2цм. Згора на тоа, автоматски го препознава тепихот и веднаш ја зголемува моќта на вшмукување. Големиот капацитет на батеријата од 5200 mAh ќе овозможи роботот со едно полнење да помине површина од околу 250 квадратни метри. Во превод би значело дека со едно полнење времетраењето на батеријата изнесува 150 минути.

Предноста на D9 роботската правосмукалка е сигурно во тоа што поседува технологија за напредно мапирање на просторот.

Може да изработи мапи за дури 3 посебни катови а може исто така да ги препознае собите и да ги оддели во посебни целини со цел да можете да изберете чистење на одредени соби во домот.

Важно: уредот мора редовно да се чисти и одржува со исправни резервни делови (филтри, четки, итн.) кои мора редовно да се заменуваат. Уредот не е наменет за вшмукување течности, масло, стакло итн. (освен ако не е поинаку назначено на производот). Неправилното користење и одржување може да предизвикаат оштетувања и дефекти кои не се покриени со гаранцијата. Не додавајте детергент, оцет или други средства за чистење во резервоарот за вода, тоа може да предизвика оштетување! Исто така, производителот препорачува користење на дестилирана вода за продолжување на животниот век на самиот производ.

Технички податоци

Бренд
Dreame
Модел
D9
Боја
Бела
Моќ
3000Pa
Функции
суво и водено чистење, управување преку апликација
Батерија
5200mAh и автономија до 150 минути
Димензии и тежина
350*350*96.8мм, 3.8кг
Пакет
1 x D9 робот, 1x база за полнење, 1x адаптер за напојување,1x крпа, 1x странична четка, 1x прирачник
Гаранција
1 година

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Dreame D9 роботска правосмукалка - бела

Вшмукувачка моќ од 3000Pa, суво и мокро чистење, голем капацитет на батерија од 5200mAh

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 1 година гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop