Шифра: 429571
мотор 500W, 110 000 вртежи во минута, LED екран, 4 начини на работа
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава до дома
Jimmy H8 Pro безжичната правосмукалка е совршена за чистење на сите површини во домот. Едноставна е за користење и е опремена со дигитален мотор кој работи со 110 000 вртежи/мин и моќ од 500 W. Автономијата на батерија може да достигне и до 70 минути*.
Се карактеризира со модерен и ергономски дизајн и практична рачка која го олеснува движењето при чистењето.
Патентираниот состав "Horizontal Cyclone" ја зголемува брзината на циркулација на воздух и ги елиминира можните препреки, ја зголемува ефикасноста на филтрацијата и го продолжува животниот век на производот.
Вградениот LED екран ги прикажува сите информации во реално време и со тоа ја олеснува организацијата во чистењето. Правосмукалката е опремена и со батерија од 3000 mAh. Може да се полни додека е приклучена на правосмукалката или пак посебно на држачот за батерија.
Jimmy H8 Pro при автоматски начин на работа може да ги препознае различните видови под и да ја прилагоди моќта на вшмукување за што поефикасно чистење. Се карактеризира со 4 начини на работа: Eco за чистење на тврди површини, Turbo за чистење теписи, Max за чистење со поголема моќ и Auto за автоматско подесување на моќта.
Главната ротациона четка е посебно дизајнирана со структура која спречува заплеткување на влакна и поради тоа правосмукалката е идеален избор за домови во кои има домашни миленичиња.
Jimmy H8 Pro доаѓа во пакет заедно со различни додатоци кои значително ќе го олеснат чистењето на тешко достапните места: главна моторизирана четка за под, 2во1 четка за агли и вдлабнатини, 2во1 четка за тапацир, мека четка, црево, метална цевка и продолжеток за различни агли и делови низ домот.
Важно: Потребно е редовно чистење на производот и одржување и употреба на исправни резервни делови како што се филтрите, четките и слично. Правосмукалката не е наменета за вшмукување детергенти, масло, стаклени парчиња, вода, водена прашина и ситни честички како пепел. Штетите на производот предизвикани од неправилна употреба не се покриени со гаранција.
*Автономијата која е наведена од производителот се однесува на основно користење во ECO начин. Употребата на правосмукалката во другите начини како и употребата на дополнителната опрема резултира со пократка автономија. На времетраењето на батеријата може да влијаат и други фактори како нечистотија навлезена внатре, запушен филтер, дотраена батерија и слично.


















No customer reviews for the moment.
1,65" екран, 5АТМ водоотпорност, батерија од 246mAh, управување преку Zepp апликација
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава до дома
Часовникот има отворена амбалажа
Тивок велосипед за вежбање Yesoul G1M Plus на Xiaomi
Велосипедот ви овозможува да уживате во релаксирачки или интензивен тренинг во удобноста на вашиот дом. Yesoul G1M Plus е совршен додаток за кардио вежби дома
Мотор 500W, моќност на вшмукување 185AW, LED дисплеј, HEPA-13 филтер, автономија 60 мин., Ергономски дизајн
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава од 1-2 дена | 2 години гаранција
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи