JIMMY Air Purifier AP36 Прочистувач на...
За површина од 25-36 m², CADR снабдување со чист воздух до 300 m³/h, 3-слоен HEPA филтер, LED дисплеј, 3 режими на работа, 3 нивоа на брзина
Шифра: 001235
Суво и водено чистење, вибрациска Sonic технологија, автоматско подигнување на крпата, 5500Pa моќност на вшмукување
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена низ цела Македонија | 2 години гаранција
Достапна за пред-нарачка! Предавање во достава е предвидено околу 10.10.2024!
Роботската правосмукалка Roborock S7 Max Ultra е опремена со високо напредна станица која го прави чистењето на домот целосно автоматизирано. Новост кај оваа станицата е дека крпата и долниот дел од станицата исто така се сушат по автоматското чистење, што спречува ширење непријатни мириси. Се разбира, како и претходните модели, станицата овозможува и автоматско празнење на садот за прашина, како и полнење на резервоарот со чиста вода.
Друго подобрување на станицата на роботската правосмукалка Roborock S7 Max Ultra е полнењето, кое е за 30% побрзо во оваа верзија, а исто така го користи ноќното време и пониските цени на ел. енергија, што придонесува за поголема економичност.
Моќта на вшмукување на роботската правосмукалка е дури 5500 Pa, а во комбинација со надградената флексибилна четка, осигурува правосмукалката темелно да ја исчисти целата нечистотија, дури и од површини кои не се совршено рамни. Усовршено е и влажното бришење, со 3.000 вибрации во минута и посилен притисок надолу, што е за 30% поефикасно од претходната верзија, така што роботската правосмукалка ќе ги отстрани дури и најтврдокорните дамки и нечистотија. Доколку тоа сè уште не ве убедило, да напоменеме и дека крпата има способност и паметно да ги открива теписите, при што самата се крева за да можете непречено да ја користите правосмукалката во сите простории од вашата куќа.
Благодарение на напредната паметна навигација LiDAR 3.0, правосмукалката ќе детектира и пречки на подот за да не мора да поместувате ништо пред чистењето, а исто така има можност да поставите зони каде не треба да оди за да избегнете заглавување на правосмукалката на критични точки. Мапирањето е уште пософистицирано, роботот автоматски ќе создаде точна мапа на вашиот простор, вклучувајќи 3Д мапирање на мебел и можност за вшмукување на простори од неколку ката.
Во поставките можете да ја изберете и опцијата за потемелно чистење на теписите, при што роботската правосмукалка ќе ја користи максималната моќ на вшмукување на теписите, а можете да ја изберете и опцијата за длабинско чистење, со чија помош правосмукалката ќе помине на сите теписи уште еднаш и на тој начин ќе ги исчисти длабински.
Друга предност на роботската правосмукалка Roborock S7 Max Ultra е нејзината издржлива гумирана четка, која нема да ги оштети вашите подови, а отстранувањето на влакната е уште полесно со неа.
Правосмукалката е опремена со моќна батерија од 5200 mAh, која и дава 180 минути автономија при вшмукување, а резервоарот за вода со капацитет од 200 ml и резервоар за прашина со капацитет од 350 ml ќе се погрижат правосмукалката да може да го исчисти целиот дом без додавање вода. Роботот правосмукалка поддржува и гласовни команди преку најчестите гласовни асистенти Alexa, Google Home и Siri Shortcuts.
Важно: Во садот за вода, користете исклучиво вода. Никогаш не користете детергенти, киселина и други разни средства за чистење бидејќи доведува до трајно оштетување на самиот резервоар како и на производот. Најчесто, се препорачува да се користи дестилирана вода.
No customer reviews for the moment.