Xiaomi Mi Smart Humidifier 2 – Паметен антибактериски навлажнувач на воздух

Шифра: 039953

4290 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

распрскување 360°, капацитет на резервоар 4.5 литри, Amazon Alexa, Google Assistant

Количина
Распродадено


Xiaomi Mi Smart Humidifier 2 – Паметен антибактериски навлажнувач на воздух

Во нашата најнова понуда ви го претставуваме новиот модел на навлажнувач на воздух - Mi Humidifier 2 со UV-C прочистување и стерилизација. Со иновативниот ротирачки распрскувач со 2 отвори кој се врти за 360°, навлажнувачот распрскува ладни капки вода во воздухот и така прави оптимална влажност која можете да ја прилагодите во зависност од вашите желби или моменталната состојба во собата.

Полнењето е дополнително поедноставено, треба само да го подигнете капакот и да додадете вода. Исто така, доколку сакате да додадете поголема количина вода, можете да го извадите целиот резервоар за да го наполните побрзо и поедноставно.

При распскувањето во просторот, молекулите се стерилизираат и елиминираат до 99.9% потенцијални бактерии. Процедурата на навлажнување е сигурна и тивка (до 32 dB), така што уредот може да се користи и во ноќните часови.

Навлажнувачот може да се поврзе со мобилен телефон преку апликацијата Mi Home. Кога е поврзан со телефон, можете да го управувате и на далечина или преку апликацијата можете во било коре време да ја проверите влажноста во воздухот. Уредот е компатибиленн со гласовните асистенти Google Asistent и Amazon Alexa.

Humidifier 2 има капацитет за максимално распрскување 350ml на час, што значи дека садот за вода со капацитет од 4.5 литри ќе ги задоволи дневните потреби за навлажнување на воздухот.

НАПОМЕНА: *Не додавајте ароми, детергенти, оцет или други слични средства или средства за чистење во садот за вода бидејќи истите може да предизвикаат оштетување на уредот. Производителот препорачува да се користи исклучиво дестилирана или деминерализирана вода. Штетите предизвикани од бигор или од погоре наведените причини не се покриени со гаранција. Аромите се додаваат исклучиво во посебно наменетиот сад кој е физички одвоен од садот за вода.

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
Mi Smart Humidifier 2 MJJSQ05DY
Боја
Бела
Функции
навлажнување на воздухот со UV-C прочистување и стерилизација, управување со едно копче или преку мобилна апликација
Димензии и тежина
Φ190 X 335 мм, 1.57кг
Гаранција
1 година

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Mi Smart Humidifier 2 – Паметен антибактериски навлажнувач на воздух

распрскување 360°, капацитет на резервоар 4.5 литри, Amazon Alexa, Google Assistant

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop