




Шифра: 000993
1,62" AMOLED екран, 490 x 192 пиксели, 326 PPI, 5ATM, 120 спортски начини, автономија до 14 дена
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава до дома | 2 години гаранција
Новата, седма генерација на најпопуларните фитнес тракери конечно е тука! Доаѓа со фантастични функции и одлични спецификации.
За одличниот приказ во боја, прецизните детали и врвното искуство ќе се погрижи новиот AMOLED екран поголем за 25% од претходниот. Опремен е со калено стакло 2.5D. Се карактеризира со резолуција од 490 x 192 пиксели и големина од 4.1 цм (1.62").
Новиот сет чипови заслужен е за подобриот изглед на анимациите и има опција "Always On Display", односно опција со чија помош сите важни информации секогаш ќе бидат прикажани на екранот. Новиот фитнес тракер нуди нови 100 прилагодливи теми со кои само дополнително ќе го персонализирате уредот.
Фитнес тракерот најпрво е наменет за секојдневните тренинзи а неговиот софтвер овозможува поддршка за пратење на дури 120 спортски начини, вклучувајќи спортови на отворено и на затворено. Водоотпорен е до 50 метри така што може слободно да се користи и при тренинзи во вода. Врвните перформанси даваат можност тракерот да изврши професионална анализа на вашиот тренинг – оптоварување при вежбањето, максимално трошење кислород, пресметување на индексот на телесна маса и трошење кислород по тренингот.
Освен спортските функции, сензорите за висока прецизност овозможуваат 24 часовно пратење на срцевите отчукувања, ја пратат заситеноста со кислород во крвта а исто така вршат анализа на спиењето со детален извештај на длабок/лесен сон и РЕМ фазите. Со цел да го запознаете вашиот организам подобро, тука е и апликацијата Mi Fitness преку која ќе можете да ги прегледувате информациите во врска со пулсот, вежбањето,спиењето и многу друго.
Уште еднаш производителот ја задоволи желбата на голем број корисници а тоа е што поголема автономија. Mi Band 7 овозможува импресивна трајност на батеријата до 14 дена за што е задолжена батеријата од 180 mAh која се полни преку магнетниот полнач за помалку од 2 часа.
Фитнес тракерот овозможува управување со музиката, преглед на временската прогноза, дава известувања за примени пораки и дојдовни повици, аларм, тајмер и многу друго.
No customer reviews for the moment.