• -500 

Xiaomi Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra - Црн

Шифра: 000668

29990 
29490 ден заштеди 500  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

LDS ласерски сензор, технологија LiDAR, ToF сензор, S-Cross 3D алгоритам, електронски контролиран резервоар, моќност на вшмукување 4.000 Pa, гласовен асистент Amazon Alexa и Google Assistant, апликација Mi Home, батерија од 5.200 mAh

Количина
Распродадено


Xiaomi Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra - црн

Xiaomi го додава новиот модел Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra во своето портфолио на паметни роботски правосмукалки, што овозможува чистење на вашиот дом на едно повисоко ниво.

Правосмукалката користи напреден LDS ласерски сензор кој лесно ја мапира околината во реално време. Неговата вештачка интелигенција со помош на сензорот за длабочина ToF, сензорот против удари Lidar, предната камера како и новиот S-Cross 3D алгоритам за успешно избегнувањето препрек, вршат прецизно позиционирање и планирање рута за чистење. Оваа комбинацијата на сензори обезбедува многу прецизно движење на роботот во просториите со можност за препознавање на многу мали предмети - како детски играчки.

Опремен е со моќен мотор со кој може да постигне моќ на вшмукување до 4000 Pa, додека дизајнот на главната четка ја подобрува способноста за чистење и длабоко ги отстранува остатоците како што се влакна и мали честички. Моќта на самото вшмукување може да се зголеми на 3 нивоа во зависност од интензитетот на нечистотијата, а функцијата за влажно чистење има и електронски контролиран резервоар за вода со 3 нивоа на прилагодување на испуштањето на водата.

Роботот има и функција за влажно чистење. Опремен со резервоар за вода од 200 ml и голем резервоар за прашина од 550 ml.

Како и другите паметни производи на Xiaomi, новиот Vacuum-Mop 2 Ultra е компатибилен со паметната апликација Mi Home која ви овозможува да ги контролирате нејзините функции дури и кога сте отсутни. Ова ви овозможува далечински да го вклучите уредот, да го промените начинот на чистење, да ги поставите саканите распореди, да ја прегледате креираната мапа и патекатапо која оди правосмукалката, да ги делите просториите, да изберете редослед на операции, да ја испратите правосмукалката на одредена просторија или едноставно да наведете области каде што е забрането чистење. За уште поголема удобност, новиот Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra поддржува и гласовни асистенти на Amazon Alexa и Google Assistant.

Неговата литиум-јонската батерија од 5200 mAh е одговорна за долгорочно работење и одлична автономија.

Xiaomi Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra овозможува исто така и работа со станица за автоматско празнење што се продава одделно.

Важно: уредот мора редовно да се чисти и одржува со исправни резервни делови (филтри, четки, итн.) кои мора редовно да се заменуваат. Уредот не е наменет за вшмукување течности, масло, стакло итн. (освен ако не е поинаку назначено на производот). Неправилното користење и одржување може да предизвикаат оштетувања и дефекти кои не се покриени со гаранцијата.

Не додавајте детергент, оцет или други средства за чистење во резервоарот за вода, тоа може да предизвика оштетување! Исто така, производителот препорачува користење на дестилирана вода за продолжување на животниот век на самиот производ.

Технички податоци

Модел
Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra
Боја
Црна
Поврзување
Mi Home App; Wi-Fi IEEE 802.11 B / G / N 2,4 GHz
Димензии и тежина
353 X 350 X 98.8 Mm, тежина: 4.15kg
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Mi Robot Vacuum-Mop 2 Ultra - Црн

LDS ласерски сензор, технологија LiDAR, ToF сензор, S-Cross 3D алгоритам, електронски контролиран резервоар, моќност на вшмукување 4.000 Pa, гласовен асистент Amazon Alexa и Google Assistant, апликација Mi Home, батерија од 5.200 mAh

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop