Xiaomi Dreame V9 Безжична правосмукалка - Бела

Шифра: 354554

14990 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Безжична правосмукалка од 20000 Pa, автономија до 60 минути, тежина 1,5кг

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава во 1-2 дена | 2 години гаранција | ЕУ верзија

Количина
Распродадено


Xiaomi Dreame V9 Безжична правосмукалка - Бела

Безжичната правосмукалка Xiaomi Dreame V9 е уште една од новите креации на Xiaomi. Правосмукалката се претставува со поголема моќ со цел да ја вшмука сета нечистотија од вашиот дом.

Повеќенаменската правосмукалка може да ги исчисти сите видови под и површини, како на пример мебел, гарнитура, подови од различен материјал и текстура, па дури и таванот. Овој модел е исто така многу лесен, односно тежи само 1,5 кг така што многу лесно можете да го претворите во рачна правосмукалка кога и да ви затреба. Турбо четката опремена е со свој сопствен електро мотор кој овозможува доста ефикасно чистење на сите видови прашина и влакна.

Чистењето е навистина лесно и поради тоа оваа безжична правосмукалка претставува револуција. Можете без никаков проблем да исчистите неколку соби во вашиот дом со времетраење до 60 минути, на штедлив начин, при тоа чистејќи површини и до 380 метри квадратни. Во случај да сакате помоќно чистење, само подесете ја правосмукалката на посакуваниот начин. Безжичната правосмукалка Dreame V9 е опремена со мотор без четкици и може да работи на 10000 вртежи/ минута и со тоа да постигне моќ на вшмукување и до 120AW и 20000Pa. На тој начин ќе можете многу лесно да се ослободите од секој вид на нечистотија. Од остатоци од храна до влакна од домашните миленичиња, па се до пристап на тешко достапните места во домот. Сето ова е возможно со помош на HEPA филтрацијата, мали циклони кои создаваат голема моќ на вшмукување и на најмалите честички.

HEPA филтерот може да филтрира прашина до 0,3 микрони со што се избегнува појавата на несаканите симптоми на алергија. Благодарение на оваа безжична правосмукалка ќе ја елиминирате сета видлива прашина, но и онаа која не се гледа со голо око а куќата ќе ја чувате чиста, воедно грижејќи се за вашето и за здравјето нa вашите најблиски. Правосмукалката е опремена со Samsung батерија која овозможува совршена рамнотежа помеѓу тежината и перформансите. Батеријата е со времетраење од 60 минути, што пак, е доволно за чистење простори со површина до 380 метри квадратни. Доколку уредот го подесите на турбо, тогаш батеријата е со времетраење од 8 минути. Правосмукалката е опремена со филтер HEPA со 5 слоја, така што успева да филтрира дури до 99,99% од честичките со големина од 0,3 микрони. На овој начин, се прочистува и тоа на доста високо ниво, издувниот воздух кој излегува од самата правосмукалка.

Благодарение на составот, филтерот HEPA може да се пере. Чувајте ја куќата чиста исто така со помош на анти грини четката која доаѓа во самото пакување од производот. Исчистете ги тешко достапните делови и агли од вашиот дом благодарение на додатоците кои ќе ги најдете во пакувањето.

Откако ќе завршите со чистење со Xiaomi Dreame V9 правосмукалката, поставете ја на ѕидниот носач и таа ќе биде спремна за вашето следно чистење.

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
Dreame V9
Боја
Бела
Моќ
400W
Батерија
2500mAh, време за полнење 3-4 часа
Пакет
1 x правосмукалка 1 x метална цевка за спојување 1 x глава за чистење со мек ролер 1 x четка за грини 1 x 2 во 1 четка за перење 1 x 2-u-1 додаток за чистење процеп 1 x база за полнење на ѕид

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi Dreame V9 Безжична правосмукалка - Бела

Безжична правосмукалка од 20000 Pa, автономија до 60 минути, тежина 1,5кг

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна достава во 1-2 дена | 2 години гаранција | ЕУ верзија

Остави коментар

PrestaShop