- -3000
Xiaomi Huami Amazfit Stratos Спортски Часовник
Шифра: 280030
1,34 инчи, 2.5D екран на допир, срцеви отчукувања, 5ATM водоотпорност до 50 метри под вода, GPS, WOS 2.0, силиконско ремче, поддржува Strava, мултиспорт
Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија
Amazfit Stratos Smartwatch Спортски Часовник
Спортски и елегантен, водоотпорен до 50 метри длабочина, екран 1.34" HD 2.5D, GPS, вграден сензор за срцеви отчукувања, мени на англиски јазик.
Овој прекрасен смарт часовник има поликарбонатна структура со финиш од јаглеродни влакна (Carbon fiber), покриена со рачно полирана керамичка круна и 2.5D горила стакло. Екранот е капацитивен HD Transflective LCD панел на допир, со големина од 320 x 300 пиксели.
Функционалноста на часовникот се зголемува со 1.2GHz Dual Core процесорот што се комплетира со 512MB RAM и 4GB ROM меморија, каде што може да спуштаат mp3 датотеки и дополнителни апликации.
Освен екран на допир, на часовникот Amazfit Stratos се поставени три копчиња за нагодување, изработени од нерѓосувачки челик. Тие овозможуваат практично користење на часовникот дури и под вода. Всушност, овој часовник е отпорен на притисок од 5 атмосфери еквивалентни на длабочина од 50 метри под вода, овозможувајќи ви да го користите Amazfit Stratos за следење на вашите пливачки сесии.
Покрај пливањето, постојат многу други спортови кои може да се следат. Вкупно се вчитани 16 различни вида на спортски режими: трчање на отворено, пешачење, трчање на затворено (трака), пливање во базен, пливање во отворени води, фудбал, велосипедизам, мултиспорт, скијање, елиптична фитнес справа, статичен велосипед, триатлон, тенис, искачување, крос-кантри трчање и јаже за скокање.
Часовникот, покрај улогата на фитнес тракер за калкулирање растојание и потрошени калории во текот на денот, може да го следи квалитетот на спиењето (анализа на ниво на будност и длабоко спиење). Поедностави го и секојдневниот живот, остани во контакт со семејството и пријателите, прими известувања за пораките и телефонските повици, e-mail и состаноци снимени на телефон. Активирај будилник, стоперица, приклучи ги Bluetooth слушалките и уживај во твојата омилена плејлиста.
Присуството на GPS + Glonass гарантира детално и прецизно снимање на твоите движења и активности. Интегрираната 280mAh батерија овозможува автономија од 5 дена (секојдневна употреба), а со континуирано користење на GPS, времетраењето на батеријата достигнува дури до 35 часа.
Стратос е комплетиран со VO2max Фитнес Анализа. Благодарение на протоколот за анализа Firstbeat, ќе имаш пристап до информациите за твоето кардиореспираторно ниво на фитнес во однос на VO2max. VO2max е метрика која го претставува максималниот волумен на кислород што се конзумира во минута (изразено во милилитри) во однос на телесната тежина и го дефинира кардиореспираторното и персоналното фитнес ниво. Тоа е вредност којашто ја опишува способноста на телото да го пренесе кислородот од белите дробови во сите делови на телото, преку циркулаторниот систем, со цел да го искористи како дел од процесот на трансформација на хранливите материи во енергија.
Имај ги на дофат сите физиолошки информации, персонализирани тренинзи и мотивирај се максимално. Уживај во тренинзите и искористи ги научно персонализираните обуки кои ги користат професионалните спортисти.
Дизајниран за спортисти кои сакаат да ги подобрат своите перформанси, Стратос нуди три важни алатки во текот на тренигот:
· Training Effect - го истакнува влијанието што конкретните активности го имаат врз развојот на капацитетот за аеробни перформанси
· Recovery Timе - препорачува прекини помеѓу активностите за да се максимизира користа од секоја сесија
· Training Load ги следи комбинираните физиолошки влијанија на сите активности, во текот на изминатите седум дена
Спушти ја бесплатната официјална апликација Amazfit Watch 2.0 за Android i iOS и имај ги на дофат твоите активности и вежби, прилагоди ги инсталираните виџети, внеси ги спортските тракинг податоци.
Би можело да те интересира: Xiaomi Amazfit GTR 47mm Паметен часовник - Алуминиумска легура
Технички податоци
- Бренд
- Xiaomi
- Модел
- Amazfit Stratos 2
- Боја
- Црна
- Оперативен систем
- Android 4.4 / OS 9 и нивни понови верзии
- RAM
- 512MB
- ROM
- 4GB
- Материјал на куќиштето
- Керамика, Не'рѓосувачки челик, Полирана керамичка круна и 2.5D горила стакло
- Вид на дисплеј
- HD 320 x 300 пиксели
- Големина на дисплеј
- 1.34"
- Гаранција
- 2 години
Специфични референци
Рецензии
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи