



Шифра: 000202
Bluetooth 5.0, батерија 600mAh, IPX4 водоотпорна заштита, пријатен дизајн, App контрола, SBC технологија
Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | 6 месеци гаранција
Сакате целосна слобода во вашите секојдневни спортски активности? Станете дел од светот на безжичните слушалки Xiaomi QCY T6 кои се одликуваат со одлична изработка и дизајн и кои ќе ви овозможат истовремено да уживате во вашата омилена музика додека спортувате.
Најновата верзија QCY T6 ви нуди безжична врска Bluetooth 5.0, која пак овозможува стабилна и квалитетна работа на оддалеченост од 10 метри а со тоа и автоматски се поврзува со вашиот паметен телефон уште при првата конфигурација.
Благодарение на SBC технологијата која дава јасен стерео HiFi звук, урамнотежен бас и високи тонови, ќе осигурате квалитетен пренос на звукот кој пак, ќе ве однесе на сосема ново ниво при слушањето музика. Исто така, поради малата временска латентност, преносот на звукот при репродукција ќе се одвива непречено,така што ќе можете непречено да уживате во гледањето видеозаписи или филмови. Со помош на мобилната апликација ќе можете да ја пратите анимацијата која ќе ви го прикажува поврзувањето со мобилниот телефон, ќе можете да ја контролирате работата на слушалките или пак да го приспособите слушањето музика според ваш стил (да го прилагодите тонот, високи и средни тонови).
Уживајте во долгото патување или во времето поминато надвор, бидејќи QCY T6 се карактеризираат со времетраење дури до 6 часа слушање музика (на нормална јачина на звук), додека пак со вклучена станица за полнење (куќиште) која нуди магнетско полнење, ќе го продолжите времето за користење на 30 часа.
Благодарение на лесниот и компактен дизајн, слушалките нема да се поместат од вашето уво дури и за време на интензивен тренинг. Исто така, опремени се и со IPX4 водоотпорна заштита така што ниту потта нема да им претставува проблем.
Слушалките се лесни за управување, изберете старт или крај на музиката, одговарање на повици, старт на следната / претходната песна, а со три брзи кликнувања на десната слушалка ќе можете да го активирате и гласовниот асистент што го користите.
QCY T6 доаѓаат со вграден микрофон кој емитира јасен и прецизен звук, така да можете да уживате во долгите разговори со HD квалитет на звукот.
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи