Amazfit Stratos 2S+ Premium Спортски Часовник

Шифра: 000086

13590 ден Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

1,34 инчи, 2.5D екран на допир, срцеви отчукувања, 5ATM водоотпорност до 50 метри под вода, GPS, кожно ремче, екран од сафир, поддржува Strava, мултиспорт

Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија

Количина
Распродадено


Amazfit Stratos+ Smartwatch 2S Премиум Спортски Часовник

ПРЕМИУМ, мултиспортски GPS часовник. 

Спортски и елегантен, водоотпорен до 50 метри длабочина, екран 1.34" HD 2.5D, GPS, вграден сензор за срцеви отчукувања, мени на англиски јазик. 

Овој прекрасен смарт часовник има поликарбонатна структура со финиш од јаглеродни влакна (Carbon fiber), покриена со рачно полирана керамичка круна и стакло од сафир за поголема издржливост. Екранот е капацитивен HD Transflective LCD панел на допир, со големина од 320 x 300 пиксели. 

Функционалноста на часовникот се зголемува со 1.2GHz Dual Core процесорот што се комплетира со 512MB RAM и 4GB ROM меморија, каде што може да спушта музика и дополнителни апликации.

Освен екран на допир, на часовникот Amazfit Stratos се поставени три копчиња за нагодување, изработени од нерѓосувачки челик. Тие овозможуваат практично користење на часовникот дури и под вода. Всушност, овој часовник е отпорен на притисок од 5 атмосфери еквивалентни на длабочина од 50 метри под вода, овозможувајќи ви да го користите Amazfit Stratos за следење на вашите пливачки сесии.

Покрај пливањето, постојат многу други спортови кои може да се следат. Вкупно се вчитани 16 различни вида на спортски режими: трчање на отворено, пешачење, трчање на затворено (трака), пливање во базен, пливање во отворени води, фудбал, велосипедизам, мултиспорт, скијање, елиптична фитнес справа, статичен велосипед, триатлон, тенис, искачување, крос-кантри трчање и јаже за скокање.

Часовникот, покрај улогата на фитнес тракер за калкулирање растојание и потрошени калории во текот на денот, може да го следи квалитетот на спиењето (анализа на ниво на будност и длабоко спиење). Поедностави го и секојдневниот живот, остани во контакт со семејството и пријателите, прими известувања за пораките и телефонските повици, e-mail и состаноци снимени на телефон. Активирај будилник, стоперица, приклучи ги Bluetooth слушалките и уживај во твојата омилена плејлиста.

Присуството на GPS + Glonass гарантира детално и прецизно снимање на твоите движења и активности. Интегрираната 280mAh батерија овозможува автономија од 5 дена (секојдневна употреба), а со континуирано користење на GPS, времетраење на батеријата дури до 35 часа.

Стратос е комплетиран со VO2max Фитнес Анализа. Благодарение на протоколот за анализа Firstbeat, ќе имаш пристап до информациите за твоето кардиореспираторно ниво на фитнес во однос на VO2max. VO2max е метрика која го претставува максималниот волумен на кислород што се конзумира во минута (изразено во милилитри) во однос на телесната тежина и го дефинира кардиореспираторното и персоналното фитнес ниво. Тоа е вредност којашто ја опишува способноста на телото да го пренесе кислородот од белите дробови во сите делови на телото, преку циркулаторниот систем, со цел да го искористи како дел од процесот на трансформација на хранливите материи во енергија.

Имај ги на дофат сите физиолошки информации, персонализирани тренинзи и мотивирај се максимално. Уживај во тренинзите и искористи ги научно персонализираните обуки кои ги користат професионалните спортисти.

Дизајниран за спортисти кои сакаат да ги подобрат своите перформанси, Стратос нуди три важни алатки во текот на тренигот:

· Training Effect - го истакнува влијанието што конкретните активности го имаат врз развојот на капацитетот за аеробни перформанси

· Recovery Timе - препорачува прекини помеѓу активностите за да се максимизира користа од секоја сесија

· Training Load - ги следи комбинираните физиолошки влијанија на сите активности, во текот на изминатите седум дена

Спушти ја бесплатната официјална апликација Amazfit Watch 2.0 за Android i iOS и имај ги на дофат твоите активности и вежби, прилагоди ги инсталираните виџети, внеси ги спортските тракинг податоци.

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
Amazfit Stratos+ 2S
Боја
Црна
Оперативен систем
Android 4.4 / OS 9 или понови верзии
RAM
512MB
ROM
4GB
Материјал на куќиштето
Керамика, Не'рѓосувачки челик, Полирана керамичка круна и стакло од сафир
Вид на дисплеј
1,34" HD 320 x 300 пиксели, сафирно стакло
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Amazfit Stratos 2S+ Premium Спортски Часовник

1,34 инчи, 2.5D екран на допир, срцеви отчукувања, 5ATM водоотпорност до 50 метри под вода, GPS, кожно ремче, екран од сафир, поддржува Strava, мултиспорт

Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија

Остави коментар

PrestaShop