Xiaomi Yesoul G1 Max Elephant 32'' Статичен велосипед - црн
Се карактеризира со паметна технологија Bluetooth, магнетна технологија за непречено возење, прилагодлива висина на седиштето и рачката и практичен 32'' екран за следење на параметрите од вежбањето. Велосипедот за вежбање YESOUL G1 Max има модерен дизајн и не зазема многу простор. Тежи 40 кг, седиштето е прилагодливо во висина од 69cm до 92cm (од подот)
Магнетниот отпор значи дека возењето е секогаш тивко и непречено, така што нема триење или крцкање што може да ги вознемирува останатите членови на семејството. Неговите димензии се идеални за употреба во домашни услови. Може да издржи тежина до 120кг и прилагодлива висина од 150 до 188 cm.
Впечатлив и функционален дизајн
Велосипедот е опремен со кормило и седиште и може да се прилагодат на возачот, па затоа е погоден за корисници со различна висина. Дополнителна предност кај овој модел е големиот прегледен екра со висока резолуција и функција на ротација од 360°, која ќе ви помогне при вежби за истегнување, јога и сл. Аголот на навалување е 0-42° со функција за прилагодување на висината од 0- 300mm , што ги задоволува различните висински потреби на самите корисници. Поврзан е со апликацијата YESOUL, која ви овозможува да вежбате со помош на тренер, да се поврзувате од далечина преку телефон, да гледате статистички податоци за вашите вежби, вклучувајќи: растојание, време, калории, брзина, ритам, пулс,... за да можете да го прилагодите вашиот план за вежбање (некои апликации треба да се купат за да се користат).
Со едноставен механизам за прилагодување на нивоата на отпор, можете лесно да го изберете точниот интензитет на вежбање што ќе ви одговара, без разлика дали сте почетник или професионалец.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи