• -300 

Xiaomi IMILAB W12 Паметен часовник – црн

Шифра: 000530

3690 
3390 ден заштеди 300  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

1.32" 3D HD TFT, батерија од 330 mAh, SpO2, оптички сензор за мерење на срцевите отчукувања

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава низ цела Македонија | 1 година гаранција

Количина
Распродадено


IMILAB W12 паметен рачен часовник со модерен и елегантен дизајн За разлика од претходните модели, овој паметен часовник изгледа уште попривлечно на вашата рака,потенок и полесен со метална обвивка од легура на цинк од 10,8 милиметри, која го прави поиздржлив и погоден за секојдневна употреба.

Благодарение на одличниот 1,32-инчен 3Д HD TFT екран на допир со резолуција од 360 x 360 пиксели обезбедува јасен приказ на атрактивен интерфејс што секогаш можете да го прилагодите на моменталното расположение. За целосно прилагодување на изгледот на вашиот часовник, можете да изберете различни позадини или може да ги преземете и да ги поставите бесплатно во паметната апликација GloryFit.

W12 е дизајниран да ви помогне активно да се вклучите во спортски активности. Поддржува мерење на дури 13 режими на вежбање кои се следат со голема прецизност и даваат детални податоци за тренингот. На овој начин, на апликацијата GloryFit лесно можете да го следите вашиот напредок и побрзо да ги постигнувате вашите цели.

SpO2 мерачот на кислородна заситеност во крвта овозможува 24 часовен надзор. Исто така, опремен е со оптички сензор за мерење на срцевите отчукувања. Сензорот е поддржан од напреден алгоритам кој пак овозможува целодневно мерење на срцевите отчукувања во состојба на мирување и за време на вежбањето.

Што се однесува до батеријата, W12 користи батерија од 330 mAh која му овозможува до 30 дена автономија. Одлична автономија има и при нормална(секојдневна)употреба, односно околу 14 дена. Бидејќи се полни преку магнетен полнач, нема потреба да ги тргнете ремчињата за да го наполните.

Паметниот часовник се карактеризира и со низа други функции кои ќе го олеснат вашето секојдневие како на пример временска прогноза, известување за дојдовни повици, штоперица, известувања од апликации, потсетник за активност и слично.

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
W12
Боја
Црна
Компактибилност со ОЅ
Android 4.4, iOS 9
Вид на дисплеј
3D HD TFT на допир
Големина на дисплеј
1.2"
Сертификат за отпорност на вода и прашина
IP68
Батерија
Li-Ion батерија од 330 mAh
Димензии и тежина
11x46x260mm
Пакет
1x W12 паметен часовник, 1x USB магнетен полнач, 1x прирачник за употреба
Гаранција
1 година

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Xiaomi IMILAB W12 Паметен часовник – црн

1.32" 3D HD TFT, батерија од 330 mAh, SpO2, оптички сензор за мерење на срцевите отчукувања

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза достава низ цела Македонија | 1 година гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop