Разлики и сличности помеѓу одличните Roborock S5 MAX и Viomi V2 PRO роботски правосмукалки

Разлики и сличности помеѓу одличните Roborock S5 MAX и Viomi V2 PRO роботски правосмукалки

Roborock S5 Max и Viomi V2 Pro се две роботски правосмукалки кои може да се дефинираат како врвни во нивните перформанси и карактеристики кои ги поседуваат. И двата роботи може да се пофалат со голема моќ на вшмукување, влажно чистење, смарт навигации и сензори, контрола преку апликација и многу друго. Во текстот подолу ќе погледнеме некои од заедничките карактеристики, но и разлики помеѓу двата роботи.

Вшмукување и Џогирање (2-во-1)

И двата роботи погодни се за чистење на различни видови под, а исто така на одличен начин го регулираат нивото на вода при влажното чистење. Внимателно го чистат секој дел од домот, а притоа користат крпи од микрофибер. По чистењето, нема да најдете ниту една дамка која роботот ја испуштил. Во комбинација со четката и високата моќ на вшмукување, ги чистат дури и најтврдокорните дамки со минимален напор.

Навигациска технологија

И двата роботи, Viomi V2 PRO и Roborock S5 MAX опремени се со Laser Direct Sensor (LDS), кој ги скенира собите со 360 степени, и креираат мапа користејќи ја SLAM технологијата. SLAM технологијата роботите ја користат со цел таа да ги запре да не се удираат во деликатни предмети,а исто така им овозможува да се движат ефикасно и систематски низ домот. Заедно со LDS сензорот го прават чистењето на домот лесно и едноставно.

Вшмукувачка моќ

Кога станува збор за моќта на вшмукување, Viomi V2 PRO има минимална предност во однос на Roborock S5 MAX. Ако првиот е опремен со brushless мотор со моќ од 2150 Pa, вториот робот, односно Roborock S5 MAX е опремен со мотор од 2000Pa. Роботот елиминира не само прашина и трошки, туку и зрна ориз, кафе, соја и слично. И двете роботски правосмукалки можат да искачат препреки со висина до 2цм. Страничната четка пак, ги чисти аглите во собата, оставајќи зад себе само чист под.

Зонско чистење

Зонското чистење е уште еден од многуте перформанси кои ќе ве изненадат. Роботот ви дава можност да обележите зони и делови за чистење. Оваа опција е присутна и кај двата роботи. Добро е да се напомене дека кај S5 Max присутна е една опција наречена Target Clean. Се состои во тоа што можете преку смартфонот да обележите простор кој роботот треба да го исчисти. Ова е посебно корисно кога несакајќи ќе истурите пијалок или грицки. Само подесете ја оваа опција кај S5 Max и тој ќе го исчисти валканиот под.

Капацитет на резервоарите за прашина

Во врска со резервоарот за прашина, Viomi V2 PRO поседува еден за прашина со капацитет од 500мл и еден комбиниран со капацитет од 500мл, додека Roborock S5 MAX е опремен со резервоар за прашина од 460мл и еден за вода од 290мл. 

Времетраење на батеријата

Roborock S5 Max се карактеризира со поголем капацитет на батеријата во однос на Viomi V2 Pro, односно 5200mAh и 3200mAh. Ова му овозможува на Roborock S5 Max автономија од околу 150 минути, а на Viomi V2 Pro околу 120 минути. Сепак, вреди да се напомене дека и двата роботи ќе го исчистат домот на совршен начин. Доколку живеете во поголем дом, без грижа, и двата роботи ја имаат "Recharge & Resume" (Надополни и продолжи) опцијата. Ова значи дека доколку роботот процени дека не може да го исчисти домот во еден циклус, ќе се врати сам на базата за полнење и откако ќе се дополни батеријата, ќе го исчисти и останатиот дел.

Јачина на звук

Во однос на звукот кој го даваат при чистење, Roborock S5 Max се карактеризира со 60db, додека Viomi V2 Pro со 68db.

Функција на џогер

Viomi V2 Pro опремен е со два резервоари за прашина;

Резервоар само за вшмукување

Комбиниран резервоар за суво и водено чистење

Од друга страна пак, Roborock S5 Max поседува само 1 резервоар за прашина и еден за вода кој во текот на целото чистење треба да биде приклучен на роботот. За време на воденото чистење, Viomi V2 Pro се движи во Y-форма која на некој начин го симулира рачното чистење со крпа. И двата роботи имаат 2 вида крпи во пакувањето, една за понежно џогирање и една за помоќно.

На апликацијата ќе најдете 3 начини на џогирање, на неа можете да го подесите и нивото на изнес на вода во зависност од потребата и големината на вашиот дом. Кога роботот не e во движење, тогаш се запира и изнесот на вода.

Да бидеме искрени, и двата модели се одлични и совршено ќе го исчистат домот а на вас оставаме да одлучите кој е роботот кој најмногу ви одговара. Роботите ќе ги најдете во каталогот  Роботски правосмукалки

Roborock S5 MAX

Viomi V2 PRO

Коментари


Остави коментар