Пролетен Смартус Каталог

Пролетен Смартус Каталог

Го освежуваме нашиот каталог со неколку нови производи меѓу кои нов Viomi S9 робот, монитор Xiaomi 1C, нови модели на камери и многу друго. Погледнете накратко што се ќе може да најдете во новиот каталог.

Робот правосмукалка Viomi S9 со база за автоматско празнење. Се што треба да направите е само да ја симнете соодветната апликација и да го вклучите роботот. Сместете се удобно на каучот и оставете вашиот дом да заблеска со Viomi S9.

Што кога ќе заврши чистењето? Роботот сам ќе си се врати на базата и автоматски ќе се испразне.

Останатите занимливости во врска со роботот погледнете ги на Viomi S9

За сите љубители на компјутерската технологија Xiaomi го произведе Mi Monitor 1C 23.8’’ Full HD. Совршен за извршување на работните обврски или пак за играње.

Изненадува и можноста за негово наведнување наназад за 15° или нанапред за 5° со што го оптимизира гледањето.

На Desktop Monitor 1C прочитајте повеќе и направете нарачка.

Подобрете го квалитетот на вашите онлајн состаноци со новата веб камера Vidlok Webcam со HD резолуција од 1080p. Камерата работи на принцип plug and play.

Повеќе информации за истата ќе најдете на линкот во продолжение Веб камера.

Бројот на срцеви отчукувања, квалитетот на сонот, будење.... сето ова е само дел од функциите на новиот паметен часовник Xiaomi Mi Watch Lite. Поддржува 11 спортски активности, поседува сертификат за водоотпорност до 50 АТМ.

Достапен е за нарачка на следниот линк Xiaomi Mi Watch Lite

Каталогот го дополнуваме со некои резервни делови за 360 Vacuum Cleaner S9 како филтер и главна четка. Повторно достапна е лентата за пешачење Xiaomi C1, миленикот од делот паметни часовници – Xiaomi Mi Band 5, Xiaomi Дигитална Паметна Вага, Xiaomi Robot Vacuum Mop P(Pro) црн и многу друго

За сите останати новости, достапност на производи како и нарачка, ве очекуваме на нашата официјална веб страна smartus.mk

Коментари


Остави коментар